Кузманоски прозиваше, РК Бутел ги почна подготовките за новата сезона! (ФОТО)

120

Ракометарите на Бутел Скопје денеска ги започнаа подготовките за новата сезона. Тренерот Горан Кузманоски доби асистент во името на Стефан Стојановски, а на првиот тренинг присуствуваа пет од осумте нови засилувања.

Бутел ќе тренира во салата „Антон Димитров“, а ќе одигра осум натпревари пред официјалниот старт на Супер лигата. Најпрво две средби со Вардар, потоа со Врање и Куманово, како и два меча во Србија. Кон крајот на август, Бутел  ќе настапи на меморијалнот турнир во Ѓаково, кој се игра во чест на Денис Тот.

Инаку Бутел се засили со пивотите Драган Шољиќ и Матеј Новаковски, левите бекови Хусеин Кадах, Теодор Тодески и Тодор Узунчев, средниот бек Леонид Киселовски, како и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев.

Одмор од една недела добија младинските репрезентативци – Дејан Михајловиќ, Дамјан Субашевски и браќата Узунчеви, кои ќе се приклучат на тренинзите на почетокот на август.May be an image of 12 people, people playing soccer, people playing voleyball, people playing basketball and text

May be an image of 9 people, people playing basketball and people playing voleyball

ПретходноБарди и Серафимов, со Трабзон и Фехервар, со победи на гости во ЛЕ и ЛК!
СледноШокантно: “Не можам да гарантирам дека Надал ќе настапи во сингл на ОИ!“