Официјално: Тренерот на светскиот првак ќе го води Баерн

347

Селекторот на германската репрезентација Гордон Херберт од денеска и официјално е нов тренер на Баерн Минхен.

Хербет на клупата на Баварците доаѓа на местото на Шпанецот Пабло Лас, кој од следната сезона ќе ја предводи шпанска Басконија.

Канаѓанецот со финско потекло и го донесе на германската кошарка најголемиот успех во историјата со освојувањето на Мундобкаскетот со репрезентацијата минатата година, а сега ќе ги води Германците на Олимписките игри во Париз.

Веднаш по Олимписките игри, 65-годишниот Херберт ќе си замине од тренерската функција за да се концентрира исклучиво на Баерн, со кој има потпишано договор до летото 2026 година.

ПретходноСензација на стартот: Јужна Кореја ги шокираше Германките
СледноПријателска: Работнички и Охрид одиграа без голови на “Билјанини Извори“