Легендарниот француски фудбалер Мишел Платини остро го критикуваше фудбалскиот турнир на Олимписките игри. Според него, фудбалот не треба да биде олимписки спорт.
„Не ме интересира ниту фудбалот на Олимпијадата, ниту францускиот олимписки тим. Фудбалот не е олимписки спорт. Ги знам тајните од дискусијата за присуството на фудбалот на Олимпијадата и можам да кажам дека се уште е присутна само затоа што ги полни стадионите. Фудбалот привлекува навивачи и тоа е тоа. ФИФА никогаш не сакала најдобрите играчи да играат на Олимпијадата. Значи таму ги играме Б, Ц, Д репрезентациите и тоа го прави турнирот апсолутно неважен“, изјавил Платини во интервју.
„Згора на тоа, клубовите не можат да ги платат своите ѕвезди, кои прво еден месец присуствуваат на ЕП, а потоа на Олимписките игри. Невозможно е. Машкиот фудбал никогаш нема да биде актуелен на Олимпијадата“, дециден е некогашниот прв човек и на европскиот фудбал.