Познато е колкава затворска казна го чека братот на Никола Јокиќ

12442

Братот на најдобриот кошаркар на НБА, Никола Јокиќ, Страхиња, е уапсен во Америка и обвинет за физички напад што се случи на мечот меѓу Нагетс и Лејкерс во април годинава.

Колку казна го чека Страхиња Јокиќ?

Американските медиуми тврдат дека Страхиња би можел да биде затворен најмногу до 364 дена.

Аналитичарот Скот Робинсон за порталот „9news“ истакна дека овој случај е повеќе од јасен.

„Сосема е јасен случајот во кој имате видео снимка и признание на осомничениот дека го сторил делото, наводно бранејќи некој друг. Ова се сериозни докази“, нагласи тој.

Како ќе заврши целиот случај останува да видиме.

ПретходноШК Алкалоид со победа над директниот конкурент за титулата ја започна борбата за одбрана на тронот
СледноЃорческа со пресврт до четвртфинале на силниот турнир во Португалија