Поради навивачите на Еуро 2024: УЕФА изрече казни за Србија, Хрватска, Албанија…

116

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) казни седум национални федерации со вкупно 230.000 евра поради расистички и дискриминаторски скандирања за време на натпреварите на Европското првенство што заврши пред неполни две недели во Германија. Главниот дел од казните се за балканските федерации, а најголем дел од казната оди во Хрватска. Хрватите се казнети со 50.000 евра за инциденти за време на трите натпревари на тимот од групната фаза – против Шпанија, Албанија и Италија.

Албанската федерација добила казна од 30.000 евра поради расистички скандирања на натпреварите со Хрватска и Шпанија. Србија, како и друга уште една поранешна југословенска република, Словенија, се казнети со по 30.000 евра, додека Романија ќе треба да плати 40.000 евра. Унгарија се извлече со парична казна од 30.000 евра, а најмала казна доби Австрија – само 20.000 евра.

Покрај тоа, УЕФА ги казни Хрватска, Романија и Србија со по еден меч пред празни трибини. Забраната ќе биде издржана за време на нивните средби од септемврискиот прозорец во Лигата на нации.

ПретходноЖдрепката за новата сезона во ПМФЛ во понеделник!
СледноЊујорк му верува: Тибодо уште три години на кормилото на Никс