Ангеловски: Нашите цели секогаш се високи – домашните титули и подобар настап во ЛШ

53

И оваа сезона амбициите на Пелистер се високи. Битола очекува трофеи и победи во Лигата на шампионите, а од таборот на македонскиот првак се свесни за тоа. Тренерот, Бранислав Ангеловски на стартот ги пренесе своите очекувања.

„Ни претстои тешка сезона. Нашите цели секогаш се високи како што е името на тимот, армијата на навивачи кои стојат позади нас.

Секогаш се цели на највисоко ниво, би сакале, по можност, да ги освоиме сите трофеи, сите да бидат во нашите витрини, додека во Европа да се покажеме во подобро светло и да ја заборавиме минатата сезона.

Воведната фаза ќе биде во Битола за да играчите да ја почувствуваат атмосферата во градот, одиме во Златибор и последната фаза ќе бидат турнирите. Ќе бидеме под за првенството

Доведени се подобри играчи на местото на тие што заминаа, ни требаат уште двајца-тројца играчи, тука мислам за голман и пивот но ќе видиме како ќе се одвиваат подготовките“, изјави предводникот на битолчани. 

ПретходноНаполи се договори со Лукаку, сега на ред е Челзи
СледноДарко Сековски се врати во Вардар! (ФОТО)