Барди и Серафимов, со Трабзон и Фехервар, со победи на гости во ЛЕ и ЛК!

216

Енис Барди со својот Трабзонспор и Никола Серафимов со Фехервар успеаја да слават победи како гости на првите мечеви од 2.квалификациско коло во европските купови.

Барди со Трабзон, во Лигата на Европа, гостуваше кај словачкиот Ружомберок, во меч во кој турскиот тим победи со 0:2 и веројатно се пласира во следната фаза.

Нашиот репрезентативен капитен беше стартер за да во 82.минута беше повлечено од игра.

Никола Серафимов со својот Фехервар, во меч од Лигата на Конференции, гостуваше кај Сумгејт и оствари победа со 1:2. И овој резултат се чини е доволен за пласман понатаму. Македонецот го одигра целиот меч и заработи жолт картон.

ПретходноНикој како Ибраими: “Бомбардерот“ сега има 32 голови во Европа на 54 натпревари!
СледноКузманоски прозиваше, РК Бутел ги почна подготовките за новата сезона! (ФОТО)