Беса си има(ла) проблем со трансформацијата во АД, затоа ждрепката за ПМФЛ за новата сезона се одложуваше!

2249

Ништо ново кога станува збор за периодот од две – три недели пред стартот на сезоната во мак – фудбалот. Постојано некој нешто доцни, некој не платил котизација, некој ова и некој она. Токму затоа ждрепката се одложува до крајни рокови. Така е и ова лето.

Неофицијално ждрепката за новата 2024/25 сезона требаше да се одржи минатата недела, па беше поместена за оваа а последно е и дефинитивно е тоа што таа е закажана за во понеделник на 29 јули.

Причината е таа што дебитантот во ПМФЛ, Беса од Добри Дол си има(ла) проблем со трансформацијата во АД. Нешто што постојано се случува кај клубовите кои за првпат ќе играат во елитата. Ништо сензационално, само ќе треба таа трансформација да се заврши во предвидениот рок за да Комисијата за Лиценцирање при ФФМ даде дозвола клубот од Добри Дол да се најде меѓу оние кои во понеделник ќе бидат на ждрепката по која ќе се знае календарот односно распоредот на натпреварите во новата сезона во ПМФЛ.

ПретходноГостивар ги претстави Алдаир и Хусмани, се чека потписот на Дирар! (ФОТО)
СледноМбапе му откри кога не може да „издрибла“ лесно, Перез веднаш реагираше