Гостивар ги претстави Алдаир и Хусмани, се чека потписот на Дирар! (ФОТО)

300

 

Од денеска и официјално нови членови на Гостивар се Алдаир Ѓало, дефанзивец од Гвинеа Бисао и искусниот офанзивен играч за врска Зени Хусмани.

May be an image of 3 people, people playing soccer, people playing football and text

Алдаир најголем дел од својата кариера ја мина во Португалија, потоа играше во Кипар како и во Словенија во тимот на Олимпија.

May be an image of 3 people, people playing soccer, people playing football and text

Зени Хусмани пред неколку години имаше своја епизода во Шкендија, но најмногу во својата кариера мина во Домжале.

Инаку се очекува потписот на Набил Дирар, искусен офанзивен играч за врска од Мароко кој некогаш играше за Клуб Бриж, Монако, Фенербахче токму во 2017 година кога турскиот гигант играше плеј – оф со Вардар во ЛЕ и беше елиминиран од нашиот тим. Тогаш за Фенер играа и Дирар и Потук, кој сега е капитен на Гостивар.

ПретходноПлатини: Фудбалот на Олимпијада е најголемa глупост, фудбалот не е олимписки спорт!
СледноБеса си има(ла) проблем со трансформацијата во АД, затоа ждрепката за ПМФЛ за новата сезона се одложуваше!