Под водство на шефот на стручниот штаб, Кирил Лазаров, РК Алкалоид денеска со првиот тренинг означи старт на подготовките за новата сезона во која клубот покрај на домашната сцена ќе игра и во европскиот ЕХФ Куп.
Актуелниот победник во Купот на Македонија, според планот ќе биде во Скопје до 3 август, а потоа заминува на десетдневни подготовки во Маврово.
Првиот контролен натпревар е закажан на 17 август против Врање (Србија), а од 20 до 24 август, РК Алкалоид ќе биде дел од турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид каде следат мечеви со Динамо Панчево (Србија, 20.08.), Олимпијакос (Грција, 22.08.) и Ловќен (Црна Гора, 23.08.). Последниот ден на турнирот ќе се играат натпреварите за пласман.