Младите одбојкарки со пет порази го завршија настапот на Балканското првенство

57

Со пет порази, без остварена победа, женската младинска одбојкарска репрезентација на Македонија го заврши Балканското пренство во Тирана на последното шесто место. Вчера во последното 5. коло, избраничките на селекторот Алекссндар Митев беа поразени со максимални 3:0 од селекцијата на Турција.

Во првите четири меча, само во премиерата против Црна Гора успеавме да освоиме еден сет, додека сите преостанати мечеви ги загубивме со максимален резултат. На дуелот со Турција одигравме три солидни сета во кои успевавме двапати да ја минеме и границата од 20 освоени поени, но не успеавме да ги изненадиме противничките.

За нашите младинки ова беше уште едно одлично искуство во обидот да се наметнат и во сениорскиот тим во иднина.

НАТПРЕВАРИ И РЕЗУЛТАТИ:
1-во коло: МАКЕДОНИЈА – Црна Гора 1:3 (10:25, 25:23, 17:25, 21:25)
2-ро коло: МАКЕДОНИЈА – Србија 0:3 (17:25, 20:25, 15:25)
3-то коло: МАКЕДОНИЈА – Албанија 0:3 (16:25, 9:25, 14:25)
4-то коло: МАКЕДОНИЈА – Бугарија 0:3 (9:25, 16:25, 18:25)
5-то коло: МАКЕДОНИЈА – Турција 0:3 (21:25, 22:25, 18:25)
ПретходноВезенков се врати во Олимпијакос за рекордна плата и 5-годишен договор
СледноВерстапен ќе биде казнет со 10 места на трката за ГН на Белгија?