И дефинитивно Хулиан Алварез побарал да си оди од Манчестер Сити. Тоа прво му го кажал на Пеп Гвардиола а потоа и на челните луѓе на пребогатиот клуб од Англија.
Пеп кога слушнал која е вистинската причина за тоа што Алварез, покрај малата минутажа која ја добива, просто не можел да поверува што слуша.
Едноставно на Аргентинецот и неговото семејство им било студено во Манчестер и сакал кариерата да ја продолжи некаде на потоплио, како во Шпанија на пример. Инаку уште вчера Сити се огласи дека за 90 милиони евра би можел да го пушти Алварез.