Никој како Ибраими: “Бомбардерот“ сега има 32 голови во Европа на 54 натпревари!

692

 

Бесарт Ибраими и вчера, на мечот со Пјуник, не пропушти да ја затресе противничката мрежа. Се играше 8.минута кога “бомбардерот“ од пенал му донесе водство на својот тим, на Струга ТЛ од 1:0. Инаку овој меч заврши со победа на стружани од 2:1 и тоа благодарение на ремек – делото на Стефан Спировски.

Инаку тој прв гол на мечот беше вкупно 32 за Бесарт Ибраими во Европа во својата кариера. Ако Бесарт е рекордер со 202 голови во историјата на ПМФЛ, одамна се знае дека на него му нема равен кога станува збор за клупските мечеви во Европа на нашите екипи и играчи.

Играјќи за Ренова, Шкендија и сега Струга ТЛ, Ибраими постигнал вкупно 32 голови и тоа на 54 натпревари. Биланс кој ќе треба да мине долго време за да некој наш играч успее да го надмине, и дали ќе го надмине.

За Ренова одиграл 6 средби и постигнал 3 голови. За Шкендија тој настапил на 37 мечеви во Европа и во 19 наврати се запишал во листата на стрелците. Додека за Струга ТЛ одиграл 11 меча а постигнал 10 голови, речиси во просек на секој меч по еден гол.

Или вкупно Бесарт одиграл 54 натпревари во Европа за наши клубови и постигнал 32 голови.

Секоја чест, не треба веќе да се коментира.

Никој како Бесарт Ибраими.

ПретходноЛазаров означи старт на подготовките на РК Алкалоид! (ФОТО)
СледноБарди и Серафимов, со Трабзон и Фехервар, со победи на гости во ЛЕ и ЛК!