Ноле против Надал уште во 2. коло на Олимпијадата во Париз

185

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, двајцата од најдобрите тенисери во историјата на тенисот би можеле да играат еден против друг уште во второто коло на олимпискиот турнир во Париз.

Ова стана јасно по денешната ждрепка за олимпискиот тениски турнир. За да дојде до оваа тениска „класика“, Новак во првото коло треба да го совлада Австралиецот Ебден, додека Надал на стартот треба да биде подобар од Мартон Фучовиќ.

Доколку ги помине првите две кола според предвидената ждрепка, Ѓоковиќ, кој е поставен за прв носител, би се соочил со домашниот адут Артур Филс, додека во четвртфиналето би има дуел со осмиот носител Стефанос Циципас.

Долната половина од ждрепката ја предводи Карлос Алкараз, кој на стартот ќе игра против Либанецот Хабиб. Негов потенцијален ривал во четвртфиналето е Де Минор, а во полуфиналето Данил Медведев.

ПретходноРеал активира план „Б“: На „Бернабеу“ доаѓа шпански репрезентативец
СледноПлатини: Фудбалот на Олимпијада е најголемa глупост, фудбалот не е олимписки спорт!