Попладнево во Охрид на стадионот “Билјанини Извори“, во пријателски меч силите ги одмерија Работнички и домашниот состав на Охрид. Натпреварот заврши 0:0, а истиот беше искористен за двата тренери да ја проверат моменталната форма на своите играчи.
Инаку ова за Работнички беше втора контрола ова лето, на првата успеа да го победи Гостивар, а денеска ремизираше со второлигашот од Охрид.