Промоција: Алкалоид се пофали со четири нови имиња! (ФОТО)

230

 

РК Алкалоид, еден од нашите најголеми ракометни клубови, попладнево и официјално ги претстави своите четири нови ракометари.

Тоа се Марко Кизиќ, Никола Костески, Михаил Ивановски и Франциско Оливеира Да Силва.

Марко Кизиќ (23 г. голман), долгогодишен репрезентативец на Македонија во сите категории кој  доаѓа од редовите на РК Е. Пелистер, а зад себе има настапи и во РК Вардар 1961.

Никола Костески (31 г., десно крило), искусен ракометар и репрезентативец на Македонија кој последната сезона ја мина во чешки Плзен каде редовно беше меѓу најдобрите стрелци. Низ својата кариера, Костески играше за Холабрун и Линц (Австрија), Татран Прешов (Словачка), Ешкишехир (Турција), како и македонските Металург и Борец.

Михаил Иваноски (21 г., десен бек), млад македонски ракометар кој во редовите на РК Алкалоид доаѓа од РК Мулти Есенс, во чии редови имаше забележителни настапи и оствари играчки напредок во кариерата.

Франциско Оливеира Да Силва (25 г., лев/среден бек), португалски интернационалец кој  доаѓа од редовите на унгарски Егер, а претходно настапуваше за Гвадалахара во шпанската АСОБАЛ-лига, како и за Виторија и Брага во Португалија.May be an image of 6 people, people playing voleyball and textMay be an image of 1 person, playing volleyball and textMay be an image of 1 person, playing volleyball, playing football, playing soccer and textMay be an image of 1 person, playing volleyball and text

May be an image of 1 person, playing soccer, playing football, playing volleyball and text

ПретходноПријателска: Работнички и Охрид одиграа без голови на “Билјанини Извори“
СледноЛегендарниот Шабан Трстена со посебна порака до македонските спортисти на ЛОИ во Париз!