ПСЖ понуди 5 милиони евра повеќе од Баерн за откритието на Лига 1 минатата сезона

457

ПСЖ денеска испрати нова понуда за трансфер на Дезире Дуe, фудбалерот на екипата на Рен. Станува збор за понуда од 60 милиони евра со бонуси за 19-годишниот крилен напаѓач, кој минатата сезона одигра одлично во Лига 1.

Претходно се дозна дека и Баерн е подготвен да плати 55 милиони евра за играчот, вклучувајќи бонуси.

Дуe беше едно од откритијата на минатата сезона во Франција, откако одигра 31 натпревар постигнувајќи 4 гола и 4 асистенции.

ПретходноЗарем е можно? Знамињата на Хрватска, Србија и БиХ еднододруго!
СледноПо Синер и Холгер Руне потврди дека нема да игра во Париз