Сензација на стартот: Јужна Кореја ги шокираше Германките

94

Пред свеченото отварање на Олимписките игри кое на програмата е утре во Париз, на распоредот денеска е ракометниот турнир во женска конкуренција. Тука имаме интересни резултати уште на првиот ден.

Јужна Кореја ја приреди најголемата сензација совладувајќи ја Германија со 22-23 во првото коло. Германките имаа негатива од три гола на одморот (8-11), се вратија на еден гол, но немаа сили за ношто повеќе. Риу и Канг имаа по шест гола кај победникот, додека на другата страна Доел запиша исто толку погодоци.

На останатите средби: Словенија загуби од Данска со 19-27, Холандија ја совлада Ангола со 34-31, додека пак Шпанија беше поразена од Бразил со убедливи 18-29.

ПретходноБензема повторно ги налути во Ал Итихад, причината е „светиот“ дрес (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Тренерот на светскиот првак ќе го води Баерн