Кузмановски: Битола заслужува да гледа шампионска екипа

80

Актуелниот македонски првак, Пелистер стартуваше со подготовките за новата сезона во која повторно ќе се натпреварува во Лигата на шампиони. Битолчани направија неколку промени во ростерот, а капитенот Филип Кузмановски верува дека со нив тимот ќе забележи нови и подобри резултати од лани.

„Среќен сум што подготовките ги почнуваме тука во Битола. Се осеќа шампионската атмосфера. Среќен сум што сме заедно, и што имаме нови играчи кои добро не познаваат и ќе дадат дополнителен квалитет на нашата екипа.

Градот, клубот и раководството заслужуваат да играме Лига на шампиони. Нормално, сакаме да имаме подобри резултати, да го повториме успехот од лани. Ќе бидеме скромни, ќе одиме чекор по чекор. Нашата публика заслужува да гледа шампионска екипа и оваа година“, изјави капитенот, Филип Кузмановски. 

ПретходноЛапорта го претстави Флик, му се заблагодари на Чави и се пофали со финансиската ситуација
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНИ: Горан Крстески стана милионер со освоени 1.700.425 денари