Легендарниот Шабан Трстена со посебна порака до македонските спортисти на ЛОИ во Париз!

179

 

Шабан Трстена, олимпискиот шампион од 1984 денеска преку социјалните мрежи им испрати порака на македонските спортисти кои ќе се натпреваруваат на ЛОИ во Париз.

Во пораката,која ја пренесуваме во целост,  се вели:

Утре, XXXIII-Олимпијадата официјално започнува од 26 јули до 11 август, Олимписките игри 2024 година во Париз, Франција.

Добар ден и со олимписки поздрав до сите млади и стари, се надевам дека ќе поминете убаво и ќе уживате во гледањето на другите земји , чии нивните спортисти заминале во олимпијада со своите пот и со олимписки норми,а не со валт карти.

Затоа и другите земји ќе се радуваат со голема гордост, за своите спортисти и херои кои ќе освојуваат победи и медали од Олимписките игри во Париз 2024 година.

Како милиони спортисти во светот, имаат олимписки соништа?

Еден од тије и јас имав сон,во мојот живот имаше само една цел, да го остварам мојот сон, и јас сакам да бидам шампион како мојот идол Мухамед Али..

Почутивани пријатели, сакам да ви раскажам еден дел од мојот младост спортски живот,не сакам лајкови да направите.

Но, треба внимателно да го прочитате, за да може некој од млади да оди по овај пат како што отидов јас.

На патот на мојот идол и денес се сеќавам на моето семејство и моето детство пред 49 години, тогаш дома немавме телевизор, а во нашето маало имаше еден кафеана каде што имаше ТВ .

Таму се собраа многу луѓе, особено кога боксерската легенда Мухамед Али боксуваше,во 1975/76 година, јас и други сиромашни деца се приближивме до кафеаната, но само на прозорецот не ми дозволија, бидејќи бев мал но иако не ми дозволија,не можеа да ме уништат мојт голем сон да тргнам по патот на мојот идол.

Често, кога го гледав него во ТВ ќе си речев: „О Боже мој и јас сакам да бидам шампион како боксерот Мухамед Али,можеби мојата молитва одиде на уво на брат ми.

И така еден ден мојот брат Мухарем како дете го откри мојот талент и за прв пат ме однесе да тренирам борење во 1977 година во спортска сала Партизан во Чаир.

И од тогаш на 12 години имав само една цел во мојот живот , ми требаше само 7 години,за да го остварам мојот сон,па морав да се потпрам на 5 главни услови:

Прво, дисциплина, голема волја,упорност, вера во Бог и верба во мојата борбена душа.

Имам една поговорка која вели:Колку и да е силен ветерот, планината не се тресе,такви треба да бидат спортистите.

Еден од тие бев и јас,без разлика на тоа колку е тежок патот до успехот, спортистот не треба да падне, туку да остане силен, како камен што може да ја издржи секоја бура.

Фала му на Господ, јас како млад спортист и со моите двајца легендарни тренери Насе Насев и Хајруш Синани заедно

издржавме тешкотии, но притоа требаше да поминаме на многу битки и бариери, победи, порази, радости и тага.

Само ваквите вистински спортисти се искачуваат на највисокиот спортски пиедстал.

За да ги постигнам овие спортски резултати и успеси,ми требаше еден долг и макотрпен пат, титански напор додека траеја вежбите и подготовките, како трчање по улиците без престанок,на сонце, дожд и снег, мачните вежби во ресторански сали, каде што потта течеше како река.

Толку многу,што не можам да се замислим и да се објасни со зборови, бидејќи за врвните успеси се бараа голема сила и храброст, да имаш знање умот за да можам и да го достигнам мојот детски идол Мухамед Али.

Секоја техника имаше различна моќ, долга и кратка, слаба и силна, лесни и тешка ,тоа е техниката што може да ги поврзе умот и телото за да бидете голем и моќен шампион.

И тоа се случи двапати да се качувам, до врвот на олимпизмот, како млад спортист, со мојот бобени дух напишав еден мал дел на светската спортска историја.

Само со голема верба и благодарение на семоќниот Бог, овој детски сон го реализирав.

И не случано два пати бев прогласен за најдобар борач во Светот и во Европа,и тоа на олимписките год1984 и1988 год. Прогласен сум спортист на -XX – ти век во Македонија,и најдобар спортист во Југославија, и тоа меѓу нај голема конкорација во олимписките години 1984.

Седум пати бев прогласен за најдобар спортист година во Македонија и 10 пати прогласен спортист на Градот Скопје. Добитник сум и на 19 медали од различни нивоа, меѓу кои и на европски и светски шампионати, а многу пати и на медитерански и балкански шампионати.

Ова беше тајната на клучевите на успехот во мојот спортски дух! Тренинг и само тренинг! Отидов прв, но го напуштив последниот тренинг.

Секој ден, ама буквално секој ден тренирав и секогаш имав во мојата детска глава една мисла – кога можеше Мухамед Али, можам и јас да бидам шампион!

Секој млад спортист што тренира треба да има и свој детски сон и да има идол од големите светски имиња, јас, Ш.Т после 7 години,станав еден ден шампион како мојот идол Мухамед Али.

Нека даде Бог не со валт карти ,некои од млади македонски спортисти со својот пот еден ден да станат шампиони на следните Олимписки игри на XXXIV,во 2028 Лос Анџелес .

Затоа нека биде ова мотивација, за млади спортисти и за секој

кој сака да успее во својот живот.

Со почит од Ш.Т

ПретходноПромоција: Алкалоид се пофали со четири нови имиња! (ФОТО)
СледноЛазаров означи старт на подготовките на РК Алкалоид! (ФОТО)