Наполи активно преговара со Челзи за трансферот на Ромелу Лукаку. Откако претходно се дозна дека напаѓачот се договорил со наполитанците за 3-годишен договор со плата од 6 милиони евра годишно без бонуси, сега на ред е двата клуба да ги завршат формалностите околу обештетувањето.
Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Наполи е подготвен да плати 25 милиони евра и бонуси за Лукаку, додека Челзи за Белгиецот бара најмалку 35 милиони евра. Клубовите не се откажуваат од преговорите, што значи ќе се обидат да се најдат некаде на средина.
Минатата сезона Лукаку одигра 32 натпревари во Серија А како позајмен во Рома.