По Синер и Холгер Руне потврди дека нема да игра во Париз

384

Уште еден тенисер од Топ 20 нема да учествува на Олимписките игри во Париз. Откако во средата најдобриот светски рекет Јаник Синер објави дек апоради болест нема да патува за Париз, неколку часа подоцна Италијанецот го следеше и најдобриот дански тенисер Холгер Руне.

Одлуката на Руне се чини и беше очекувана со оглед на проблемите што тој ги имаше минатата недела на турнирот во Хамбург, поточно повредата на зглобот на левата рака. Тој објасни дека се обидел да се опорави од повредата, но не успеал.

Ждрепката за Олимписките игри ќе биде денеска, а прв носител ќе биде Новак Ѓоковиќ од Србија.

ПретходноПСЖ понуди 5 милиони евра повеќе од Баерн за откритието на Лига 1 минатата сезона
СледноЖежок пречек за Ембид во Париз: Свирежи и скандирања – „Да го вратиш пасошот!“ (ВИДЕО)