Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) казни седум национални федерации со вкупно 230.000 евра поради расистички и дискриминаторски скандирања за време на натпреварите на Европското првенство што заврши пред неполни две недели во Германија. Главниот дел од казните се за балканските федерации, а најголем дел од казната оди во Хрватска. Хрватите се казнети со 50.000 евра за инциденти за време на трите натпревари на тимот од групната фаза – против Шпанија, Албанија и Италија.
Албанската федерација добила казна од 30.000 евра поради расистички скандирања на натпреварите со Хрватска и Шпанија. Србија, како и друга уште една поранешна југословенска република, Словенија, се казнети со по 30.000 евра, додека Романија ќе треба да плати 40.000 евра. Унгарија се извлече со парична казна од 30.000 евра, а најмала казна доби Австрија – само 20.000 евра.
Покрај тоа, УЕФА ги казни Хрватска, Романија и Србија со по еден меч пред празни трибини. Забраната ќе биде издржана за време на нивните средби од септемврискиот прозорец во Лигата на нации.