Гвардиола во Сити може да остане и повеќе од 10 години!

151

Пеп Гвардиола го претвори Манчестер Сити во тим кој доминира во англискиот фудбал. Во претходните седум сезони шест пати беа шампиони, а минатата сезона по четврти пат по ред станаа шампиони, што никому досега не му успеа, а уште еден белег во неговиот мандат беше тројната круна во 2023 година.

Тренер е 16 години, а само за три години нема освоено титула. Со Манчестер Сити освои се, исто како и со Барселона претходно, додека со Баерн не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Гвардиола несомнено е еден од најдобрите досега, а моментално се подготвува за својата деветта сезона со Сити.

Во англискиот клуб остана значително подолго отколку во Барселона (четири години) и Баерн (три години). Бројни медиуми прогнозираа дека тој би можел да замине во 2025 година кога ќе му истече договорот, а се споменуваше дури и дека тогаш може да ја преземе англиската репрезентација.

Сепак, самиот Гвардиола сега повторно навести дека би можел дополнително да го продолжи својот мандат во Сити, што секако не е вест што ќе ги развесели ривалските навивачи во Англија, кои полека се навикнаа да го гледаат неговиот грб.

За време на подготовките во САД, Гвардиола изјави:

„Ако го сакаш она што го работиш, зошто би прекинал? Го сакам тоа – исто толку сега како и кога бев ангажиран. Затоа, да продолжиме понатаму“.

З

ПретходноПочна спектаклот по реката Сена, секако и Лејди Гага!
СледноЈуниорите со победа на стартот на ЕП во Скопје!