Ибака и официјално во Реал

61

Поранешниот шпански кошаркарски репрезентативец Серж Ибака премина во Реал Мадрид и потпиша едногодишен договор, официјално соопштија од клубот.

Ова ќе биде враќање на Ибака во Реал, за кој одигра шест натпревари во Евролигата во сезоната 2010/11, додека во НБА траше локаут. Ибака во Реал дојде од Баерн Минхен каде играше лани и оваа година. Како играч на Баерн, Ибака минатата сезона имаше просек од 12,6 поени по натпревар со 6,8 скока и 1,2 блокади.

Со Шпанија, 35-годишниот крилен центар освои олимписко сребро на Игрите во Лондон во 2012 година, додека беше светски шампион во Литванија во 2011 година. Ибака исто така беше НБА шампион како член на Торонто во 2019 година.

Најдолго играше за Оклахома Сити Тандер во НБА, од 2009 до 2016 година, а покрај Торонто го носеше и дресот на Орландо, Лос Анџелес Клиперс, Милвоки.

ПретходноЛина со одлична партија оствари пласман во полуфиналето во Португалија!
СледноВака изгледа небото над Париз во пресрет на свеченото отворање на ОИ!