Кари нема дилеми: Леброн е најдобриот на сите времиња!

232

36-годишниот кошаркар на Голден Стејт Вориорс и репрезентацијата на САД, Стивен Кари, пред новинарите зборуваше за искуството од заедничките настапи со легендата на НБА лигата, Леброн Џејмс.

„Играњето со Леброн е токму она што го замислував дека ќе биде. Ја разбира играта на толку високо ниво. Тој е одличен, најдобриот на сите времиња“, им рече Кари на новинарите.

Леброн Џејмс е четирикратен НБА шампион со Мајами Хит (двапати), Кливленд Кавалирс и Лос Анџелес Лејкерс, како и четирикратен МВП на финалињата и регуларната сезона.

Стивен Кари е исто така четирикратен шампион во НБА со Голден Стејт Вориорс, два пати беше МВП во регуларната сезона и еднаш МВП на финалето.

ПретходноЛегендата на Реал останува во Мадрид и следната сезона
СледноИгрите уште незапочнати, но падна првиот светски рекорд!