Младиот играч за врска, Христијан Георгиевски (21), од денеска и официјално е нов член на Нафта, клуб од Словенија. Сега веќе екс – играчот на Струга ТЛ долго време беше во преговори со Пелистер, речиси и да имаше договор, но сепак Георгиевски направи трансфер во Словенија, во тимот на Нафта.
Георгиевски потекнува од школата на Работнички, а во својата кариера има играно и за екипите на МТК (Унгарија), Скопје, Силекс.