Олимписките игри во Париз 2024 година сè уште не се ни официјално започнати, а првиот светски рекорд веќе падна. Станува збор за нов светски рекорд во еден од спортовите кои започнуваат пред свеченото отворање.
Корејката Лим Сихјеон забележа скор од 694 поени (од максимални можни 720) во квалификациската рунда на женскиот поединечен турнир во стреличарство.
Со тоа таа постави нов светски рекорд во дисциплината, кој досега и припаѓаше на нејзината сонародничка Канг Чае Јонг – 692 поени, поставен на СП во 2019 година.