Легендата на Реал останува во Мадрид и следната сезона

53

Легендарниот шпански кошаркар Серхио Љуљ го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една сезона.

Иако многумина мислеа дека како Серхио Родригез и Руди Фернандез ќе објави крај на кариерата, 36-годишниот Љуљ реши да продолжи да игра и ја продолжи верноста кон „Кралскиот клуб“.

Љуљ дојде во Реал како тинејџер во 2007 година и стана една од најголемите легенди на клубот. За 18 сезони освои дури 28 трофеи: три Евролиги, еден Интерконтинентален куп, седум кралски купови, девет шпански Суперкупа и осум титули во шпанското првенство.

Капитенот на Реал е и играчот кој одиграл најмногу натпревари во историјата на тој клуб – дури 1.083.

ПретходноБарса испрати понуда за Олмо, Лајпциг веднаш ја одби
СледноКари нема дилеми: Леброн е најдобриот на сите времиња!