Нашата најдобра тенисерка уште еднаш потврди дека се наоѓа во добра форма. Имено таа денеска во четвртфиналето на турнирот во Фигуеира да Фоз во Португалија успеа да ја победи Ребека Марино од Канада со ефектни 2:0 (6:1 и 6:1) и со тоа да се пласира во полуфиналето на овој турнир.
Македонката немаше буквално никакви проблеми на овој меч, кој траеше само 54 минути. Лина на својата противничка и препушти само два гема.
Браво Лина.