“Специјалниот“ само што дојде во Фенер, веќе знае која ќе му биде следната дестинација!

1580

Никогаш не е здодевно со Жозе Мурињо, иако сега веќе не е дел од европскиот фудбалски крем, туку на Босфорот, на клупата на Фенербахче.

Тој имаше успешно официјално деби и тоа во квалификациите во Лигата на Шампионите, каде на гости кај Лугано неговиот тим победи со 3:4.

Инаку Жозе само што дојде во Фенер, веќе знае која ќе му биде следната дестинација.

“Едноставно така е. Ги одбивав двапати, но верувајте дека по третпат не можам. Да се биде селектор на својата репрезентација секако дека е голема работа“ посочи Мурињо.

ПретходноДе Јонг не одговара на повиците на Барса за продолжување на договорот
СледноПариз е светот! Вечерва на бреговите на Сена се отвораат ЛОИ 2024