Олимписките игри во Париз вечерва со фантастична церемонија и официјално се отворени. Тоа го стори во пригоден говор претседателот на Франција, Емануел Макрон.
На тоа му претходеше историски спектакл, уживање да се види, уште подобро да се биде покрај двата брега на Сена. За паметње останува дефилето или парадата со бродови кои ги носеа сите делегации на земјите учеснички. Се ова ни дождот го расипа.
Се развбира по малку и таа позната француска екстраваганција, нешто невиденона досега ваквит церемонии, се разбира за паметење.
Тоа е Париз, град – домаќин кој и тоа како ги подигна стандардите кога станува за ваквите церемонии. Имаше од се помалку, за сите вкусови доволно.
Посебен спектакл беше палењето на олимпискиот оган. Него на Трокадеро го донесе Зинедин Зидан,потоа следуваше Рафа Надал, па Серена Вилијамс, тука беше и Карл Луис, па Надја Команечи. Тие носени со брод го носеа факелот. На ред дојде Амели Морезмо, по нејзе факелот го носеше Тони Паркер, како и некои други познати спортисти кои го донесоа факелот до Лувр. Мишел Гигу беше еден од нив, како и некогашни олимпијци.
А последни беа Мари Жозе Перек и Теди Ринер,кои го запалија оганот. Навистина инвентивно, тоа е воздушен балон кој ќе блеска над Париз сето со настапот на Селин Дион. Фантастично.
Уште еден спектал за крај на оваа церемонија.