Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, полека ги привршува подготовките за новата сезона. Освежени, со нов спонзор, нова организациска структура, со неколку пријателски меча во нозете и нов ростер, „црвено-црните“ се надеваат на многу поуспешна сезона од минатото.
Денеска се фотографираше комплетниот тим на Вардар за новата сезона, во кој го нема единствено Камерунецот Даниел Донгмо, кој во Вардар дојде до француска Троја и кој заминал во Франција за да ја комплетира визата за непречен настап во дресот на Вардар.