Шампионот утре патува за Ерменија: Струга – Тирана – Истанбул – Ереван!

338

 

Утре фудбалерите на Струга ТЛ, стручниот штаб, како и раководството на клубот, ги чека долго патување до Ерменија каде во вторник ќе му гостува на Пјуник во возвратниот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Па така утре околу 10-11 часот се тргнува од Струга со автобус до Тирана. Од главниот град на Албанија во 16 часот закажан е лет од Истанбул, па потоа се лета за Ереван каде експедицијата на стружани се очекува да пристигне околу 02 часот во недела наутро.

Тоа значи дека фудбалерите на Струга ТЛ ќе имаат речиси три дена да се аклиматизираат и подготват во мирна и релаксирана атмосфера во Ереван за реваншот кој се игра во вторник во 18 часот по македонско време.
Познато е дека на првиот натпревар нашиот шампион славеше 2:1 против Пјуник.

ПретходноДе Хеа се сели во клубот од Серија А за кого настапуваше Горан Пандев
СледноЛина со одлична партија оствари пласман во полуфиналето во Португалија!