Јуниорите со победа на стартот на ЕП во Скопје!

103

Македонија – Ирска 73:63. Победнички старт на нашите јуниори на ЕП – Б дивизија. Тоа беше голема битка на овој прв меч за нашата селекција и веднаш победа која беше обезбедена по продолженијата. Во овој период нашите момци го добија со 11:1 и тука беше јасно дека Македонија ќе слави на овој меч.

Супер интересно беше во самиот финиш во регуларниот дел. Гостите израмнија со тројка на 62:62, а ние имавме напад за победа, но не успеавме да го реализираме па се отиде во продолженија.

Никола Јаничиќ со 27 поени беше најефикасен во нашиот табор, беше главен фактор во победата.

Нареден ривал на нашите јунори е селекцијата на БиХ.

ПретходноГвардиола во Сити може да остане и повеќе од 10 години!
СледноНа Сена се развиори и знамето на Македонија!