Барселона и натаму продолжува со понуди да го убеди Лајпциг да им го продаде шпанскиот репрезентативец Дани Олмо. По одличниот настап на ЕП 2024, 26-годишниот Олмо стана мета на најголемите европски фудбалски состави, а меѓу нив во прв ред за него се заинтересирани Барселона и Манчестер Сити.
Откако пред извесно време стана јасно дека првата понуда на англискиот првак за Олмо е одбиена, денеска стигнува вест дека и Барселона испратила официјална понуда до Лајпциг за него и истата исто така веднаш е одбиена.
Според каталонски „Спорт“, понудата од Барселона за Олмо била во висина од 40 милиони евра, со исплата на рати од по 10 милиони годишно почнувајќи од 2025 година и бонуси од 10 милиони евра, доколку Барса со Олмо двапати ја освои Лигата на шампионите до 2029 година. Дополнителни 10 милиони Лајпциг би добил и за две шампионски титули на Олмо во Ла Лига.