Не успеа да влезе во НБА, па потпиша за Пелистер

403

Пелистер договори ново засилување за претстојната сезона. Станува збор за Брајан Антоан кој има 24 години и игра на бековската позиција.

Својата колеџ кариера ја започнал во Универзитетот Виланова, каде настапувал три сезони. Во својата сениорска година бил дел од универзитетот Редфорд кој исто така е Division 1 колеџ. Тука на 31 натпревар имал просек од 11.4 поени, 3.6 скокови, 1.7 асистенции.

Антоан по завршувањето на колеџ настапите се пријави за овогодинешниот NBA драфт и беше поканет од тимот на Бруклин Нетс на проба, но сепак својата професионална кариера ќе ја започне токму во Пелистер.

ПретходноГеоргиевски преговараше со Пелистер, ама потпиша за словенечка Нафта! (ФОТО)
СледноОграбена фудбалската легенда среде Париз, останал без 500.000 евра!