Работнички потпиша босански интернационалец

132

Екипата на Работнички продолжува со создавање на „костурот“ на тимот за претстојната сезона, во која покрај домашните обврски каде ќе се обиде да нападне една од титулите, ќе биде дел од АБА2-лига за која доби специјална покана и притоа мораше да плати.

Ново име во тимот од „Градски прк“ е Ирман Полутак. Станува збор за 28-годишен босански интернационалец кој игра на центарската позиција.

Тој доаѓа од унгарскиот тим на Осе Лионс, каде имал просек од 12.3 поени и 5.7 скокови на 35 одиграни натпревари.

Полутак и Работнички потпишаа едногодишен договор.

ПретходноПСЖ на Нико Вилијамс му понуди двојно од она што му го понуди Барселона
СледноМакедонските олимпијци подготвени за отварањето на ЛОИ!