Кина го освои првиот златен медал на ЛОИ во Париз. Во финалето 10 метри воздушна пушка во мешани тимови, актуелните светки прваци, Лихао Шенг и Јутинг Хуанг сега се олимписки шампиони.
Тие ги победија во нивниот натпревар со 16-12 над Кеум и Парк од Република Кореја.
Мешаната двојка од Казахстан, Александра Ле и Ислам Сатпаев, освои бронза во конкуренција на 10 метри воздушна пушка со победата од 17-5 над Максимилијан Улбрих и Ана Јансен од Германија. Ова е прв олимписки медал за Казахстан во стрелање од 1996 година.