Новак и Карлито фуриозно на стартот на ОИ!

246

 

Како што и се очекуваше.Новак Ѓоковиќ со стил го започна олимпискиот турнир со намера да дојде до златото, она што му недостига.

Имено најдобриот тенисер во историјата во првото коло славеше со 2:0 (6:0 и 6:1) во сетови против Метју Ебден од Австралија.

Сигурно, убедливо, авторитетно. Тоа беше стилот на Новак кого го чека, веројатно, дуел со Рафа Надал, ако Шпанецот се одлучи да игра.

Карлос Алкараз исто така без некои посебни проблеми ја мина првата пречка која се викаше Харди Хабиб од Либан и тоа со 2:0 (6:3и 6:1) во сетови.

ПретходноЗа малку сензација: Хрватска со многу среќа ја доби драмата со Јапонците!
СледноБура поради „Тајната вечера“ на ОИ: Верниците бесни повикуваат на бојкот!