Денеска почнаа натпреварите од 2.коло од групната фаза на фудбалскиот турнир на Олимпијадата. По поразот од Марко на стартот, секако дека од Аргентина се очекуваше само победа и ништо друго на дуелот со Ирак.
Да, “гаучосите“ славеа на крајот со 3:1, но сепак не беше се така лесно. Имено Аргентина поведе со 1:0 со голот на Алмада во 13.минута, но противникот израмни на 1:1 во 45+4.минута преку Хусеин.
Во второто полувреме победата од 3:1 ја донесоа Гонду и Фернандез.
Шпанија пак си гази. Денеска “Фуријата“ славеше против Доминиканска република, исто со 3:1. Стрелци на головите беа Лопез, Баена и Гутиерез, додека голот за 1:1 за Доминикана беше дело на Монтес. Треба да се каже дека оваа селекција цело второ полувреме играше со играч помалку по црвениот картон на Азкона во 45.минута.
Со оваа победа Шпанија е веќе следната фаза.