Брера го промовираше Лазиќ!

177

Она што беше најавено пред неколку дена, сега е и официјално. 30 годишниот дефанзивец Дарко Лазиќ од Србија е ново име во редовите на Брера. Станува збор за искусен фудбалер кој во својата кариера има играно и за Црвена Ѕвезда а во Струмица доаѓа како слободен играч откако претходно настапуваше во Борец Бања Лука.

Освен за Црвена Ѕвезда и Борец од Бања Лука, искусниот Дарко Лазиќ има играно и во ФК Сараево клуб со кој освои неколку титули а беше и во Раднички Ниш, Спартак Суботица.

Освен во српскиот шампионат, Лазиќ кој потекнува од младинската школа на црвено белите од Белград има настапувано и во Анжи Махачкала од Русија, Аланиаспор и Денизлиспор од Турција

ПретходноЛина по голема борба поразена во полуфиналето во Португалија!
СледноРаботнички потпиша млад талент