Бура поради „Тајната вечера“ на ОИ: Верниците бесни повикуваат на бојкот!

803

Олимписките игри во Париз беа отворени на сосема поинаков начин отколку што сме навикнати. Досега ја гледавме парадата на спортистите на стадионите на кои се одржуваат Игрите, но овој пат Французите сакаа да направат исклучок, па целата церемонија беше организирана на реката Сена, односно на најпознатите локации во Париз.

И навистина беше спектакуларно, особено кога се појави Селин Дион и кога десетина познати спортисти го носеа факелот од Ајфеловата кула до балонот пред Лувр, каде што беше „запален“ и испратен во воздух, но сепак имаше делови од церемонијата која за дел беше контроверзна. Ова првенствено се однесува на сцената која многумина потсети на познатата слика на Леонардо да Винчи „Тајната вечера“ во која се прикажани Исус Христос и неговите апостоли.

Организаторите не потврдија дека токму тоа е инспирацијата, но многумина на социјалните мрежи веднаш пронајдоа впечатлива сличност. Верниците особено бурно реагираа, оценувајќи дека организаторите отишле предалеку со исмејувањето на Исус Христос и неговите апостоли, објаснувајќи дека тоа е лош вкус. Некои повикаа на бојкот.

 

ПретходноНовак и Карлито фуриозно на стартот на ОИ!
СледноАргентина со убедлив триумф против Ирак, Шпанија си гази!