Вардарци во комплетен состав ја билдаат формата во Маврово, се приклучи и новиот голман

480
Фото: РК Вардар

Вардарци ги продолжуваат подготовките за новата сезона во комплетен состав. Со екипата на Маврово тренира и голманот Мигел Еспиња Фереира кој се приклучи откако потпиша договор со „црвено-црните“.

Денови за одмор доби и крилото Марио Стојановски кој настапуваше за репрезентацијата на Македонија на младинското ЕП во Словенија.

„Секојдневно во Маврово ќе се работи на физичката и на техничко-тактичката подготвеност и воигрување на играчите што се приклучија во летниот преоден рок.

Во Маврово, ракометарите ќе останат до 3 август по што се враќаат во Скопје“, велат од таборот на „црвено-црните“.


Вардар ќе игра во групната фаза во Европската лига каде за противници ги доби Порто, и победникот од квалификцискиот меч меѓу Валур (Исланд) и Спачва Винковци (Хрватска), како и со победникот од дуелот Мелсунген (Германија и Елверум (Норвешка).

ПретходноОфицијално: Реал со спектакуларна промоција се пофали и со Ендрик! (ФОТО)
СледноПолувреме: Дианеси “тресе“, Вардар со водство против Свонси!