Џибрил Дианеси (28), интернационалецот од Франција се чини дека ќе биде големо, супер засилување во нападот на Вардар. Тие што имаа можност да го гледаат денешниот контролен меч меѓу Вардар и Свонси, на крајот беше 1:1, се уверија во квалитетите на едно од новите имиења во летниот преоден рок.
И не само поради голот кој Дианеси им го стегна на Велшаните, туку поради тоа што беше постојана закана за противничкиот гол. Тој едноставно е вистинска машина. Дефанзивците на Свонси и тоа како си имаа проблем со новиот вардаров напаѓач
Инаку Дианеси е некогашен член на Ла Лувие, Номе Калју, Фортуна Ситард, Мастрихт а потекнува од школата на познатиот клуб Тулуз.