Вардар ремизираше со силниот Свонси!

1178

 

Вардар – Свонси 1:1 е епилогот од денешната контролна средба во Фридберг (Австрија). Добар натпревар одигра тимот на стратегот Горазд Михаилов против тимот кој игра во Чемпиoншип дивизијата во Англија.

Вардарци поведоа во 21.минута со голот на Дианеси, за да Свонси израмни на 1:1 во 62.минута со погодокот на Франко.

Инаку ова беше петта контролна средба на Вардар во текот на летните подготовки,кои се одвиваа во Раденци (Словенија) прво реми. Вардар славеше во два наврати, а во два меча доживеа и порази.

По дуелот со Свонси експедицијата на Вардар се враќа во Скопје.May be an image of text

ПретходноРаботнички потпиша млад талент
СледноШК Алкалоид го оправдува статусот на фаворит со нова убедлива победа