Германија ја „среди“ Шведска во дербито на ракометниот турнир

56

Во извонредно атрактивен натпревар и неизвесен до самиот крај, ракометната селеција на Германија ја оствари првата победа на Игрите во Париз совладувајќи ја Шведска со 30:27.

Ова беше вистинско дерби во групата „А“, а Германците покажаа дека се решени да одат високо во битката за медали. Германија имаше минимална предност од 12:11 на одморот, но во вториот дел отвори многу подобро, направи предност од неколку гола и успешно ја одржуваше до самиот крај.

Усчинс со осум гола беше најефикасен кај Германија, додека Ване исто така со осум погодоци беше прв стрелец кај Шведска.

ПретходноМладите кошаркари со втора победа, Јаничиќ блескаше со 31 поен
СледноОдбојкарите поразени на првата контрола со Црна Гора