Грузијка по рекорден 10. пат настапи на Олимпијадата

134

Грузијката Нино Салуквадзе, го израмни рекордот по број на учества на Олимписките игри. Денешното нејзино појавување во натпреварите во стрелаштво беа 10. учество на Летните олимписки игри во нејзината кариера.

Првиот кој успеал да настапи дури 10 пати на Олимписките игри беше Канаѓанецот Јан Милар. Тој последен пат се натпреваруваше на Игрите во Лондон (Велика Британија) во 2012 година.

55-годишната Нино Салуквадзе освои злато на Олимписките игри во Сеул (Јужна Кореја) во 1988 година како член на репрезентацијата на СССР. На истата Олимпијада освои и сребрен медал. На Игрите во 2008 година во Пекинг (Кина), се закити и со бронза.

Денеска Салуквадзе го зазеде 38-то место во квалификациите во гаѓање со воздушен пиштол од 10 метри и не успеа да стигне до финалето.

ПретходноИталија го доби одбојкарското дерби со Бразил, моќен старт и на Полска
СледноМладите кошаркари со втора победа, Јаничиќ блескаше со 31 поен