Грција со задоцнет финиш, Канада тргна со победа

129

Кошаркарите на Канада остварија победа од 86-79 против репрезентацијата на Грција во првото коло на Олимписките игри. Канаѓаните ја оправдаа фаворитската улога и без поголеми проблеми ги совладаа Грците.

Кај Канада најефикасен беше РЏ Берет со постигнати 23 поени, додека пак кај грчката репрезентација најдобар беше Јанис Адетокумбо кој уфрли 34 поени. Канаѓаните стартуваат со многу важна победа во групата А каде што се наоѓаат и репрезентациите на Австралија и Шпанија.

Во второто коло Канада ќе ги одмери силите со Австралија, а Грција ќе се соочи со репрезентацијата на Шпанија.

ПретходноИОК и се извини на Јужна Кореја што ја нарече Северна Кореја!
СледноМилан го победи Сити, Арсенал подобар од Јунајтед (ВИДЕО)