Во последниот натпревар на првиот ден на ракометниот олимписки турнир во машка конкуренција, селекцијата на Данска убедливо ја совлада Франција со 37:29 и пока моќ во трката по олимписки медал во Париз. Французите не ја искористија предноста на домашниот терен, затоа што не најдоа решение за неверојатните Питлик и Гидсел кои постигнаа 21 од овие 37 гола на својата селекција.
Интересно е што почетокот на мечот Франција имаше водство и од 4 гола (6:10), но тоа беше и се што успеаја да направат домаќините на овој меч. Данска до полувреме веќе водеше со 18:17, а разликата се зголемуваше во целото второ полувреме.
Гидсел со 11 и Питлик со 10 гола доминираа кај Данска, каде Хансен додаде 6 гола, додека кај Франција Дескат постигна 7 гола.